Skip to main content

10-те градови најпосетувани од туристи во 2024 година

Компанијата за истражување на пазарот Euromonitor, со седиште во Велика Британија, ја објави листата на Топ 100 градски дестинации за 2024 година, а Париз четврта година по ред е прогласен за најатрактивен град во светот.

Градовите се оценувани според шест клучни фактори: Економски и деловни перформанси, tуристичка инфраструктура,
tуристичка политика, zдравје и безбедност, oдржливост и целокупно искуство на посетителите.

Според овие показатели, Париз продолжува да се истакнува како лидер, благодарение на својот романтичен шарм, културно наследство, и иконични знаменитости како Ајфеловата кула. Градот секоја година привлекува милиони посетители со своите музеи, гастрономија и богата историја.

Топ 10 градови во 2024 година според Euromonitor:

Париз, Франција

Со својата елегантна архитектура, богата историја и светски познати музеи како Лувр и Орсеј, Париз останува на врвот.

Мадрид, Шпанија

Познат по својата културна сцена, прекрасни плоштади и светски познати уметнички галерии, Мадрид е омилена дестинација за љубителите на историјата и уметноста.

Токио, Јапонија

Со комбинацијата на традиција и модерност, Токио привлекува туристи со своите храмови, футуристичка архитектура и уникатна гастрономија.

Рим, Италија

„Вечниот град” нуди неверојатно наследство, од Колосеумот и Пантеонот до Ватиканот.

Милано, Италија

Модната престолнина на светот е и дом на импресивни историски знаменитости, како Миланската катедрала и Скалата.

Њујорк, САД

„Градот кој никогаш не спие” продолжува да привлекува посетители со својата енергија, светски познати атракции како Тајмс Сквер, Централ Парк и Музејот Метрополитен.

Амстердам, Холандија

Каналите, музеите како Ван Гог и Ријксмузеум, како и опуштената атмосфера го прават Амстердам незаменлива туристичка дестинација.

Сиднеј, Австралија

Сиднеј плени со својата природна убавина, Операта, и познатите плажи како Бонди.

Сингапур

Сингапур е познат по својата футуристичка архитектура, беспрекорна чистота и импресивни атракции како Marina Bay Sands и Gardens by the Bay.

Барселона, Шпанија

Градот на Гауди, со своите уникатни архитектонски дела како Саграда Фамилија и Парк Гуељ, продолжува да ги фасцинира туристите од целиот свет.

Европа доминира, но Азија се искачува

Иако европските градови се доминантни на листата, Токио и Сингапур докажуваат дека азиските метрополи имаат растечко влијание врз глобалниот туризам. Со уникатната мешавина на традиција, модерност и иновативност, овие градови ги освојуваат срцата на туристите.

Поврзани вести