Skip to main content

Во САД е изработен фустан од најцрната ткаенина на планетата

Credit: Cornell University / Ryan Young

Љубителите на готската естетика и релаксацијата во целосен мрак ќе ја обожаваат новата креација на научници од Универзитетот Корнел во САД. Тимот од овој универзитет ја создаде најтемната ткаенина што некогаш е креирана на планетаа и претстави фустан изработен од неа.

Како што објаснуваат од универзитетот, црната боја со која се среќаваме во секојдневието околу нас е доста мат. Постојат многу потемни нијанси, како што е ултра-црна и тие рефлектираат помалку од 0,5% од светлината што паѓа на нивната површина.

Credit: Cornell University / Ryan Young

За да добијат рекордно темна ткаенина, истражувачите добиле пердуви од штитестиот клун на рајска птица. Ова е голема птица певица со потекло од Нова Гвинеја и Австралија. Мажјаците од овој вид имаат речиси целосно црни пердуви со зелено-син метален сјај.

Поврзани вести