На 25 и 26 јануари ќе се одржи „Сити базар – јануарска викенд приказна“ на првиот кат во Скопје Сити Мол, на кој ќе се претстават 17 занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа.
На базарот ќе земат учество брендовите: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски, INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катче, INFINITY ACCESSORIES, Катарина Дода, Еpoxy handmade by clay, Аrtemis- рачни изработки, Ателје Сиена, ФРЕНКЛИ, Zen.Zeal и Монкдолс.
Од јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол започна нова и возбудлива иницијатива – „Сити базар“. Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.
Со поттикнување на локалната заедница и промовирање на традиционалните и современите занаети, овој нов проект, не само што ќе создаде платформа за македонските производители, туку и ќе ги задоволи интересите на посетителите со разновидни настани што ќе ја афирмираат локалната култура.
Новата платформа „Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.