Skip to main content

Посниот грав е најздравиот ручек што постои, но само приготвен вака

Ако постите, можете да го сварите гравот на вода, без да го динстате на масло, но ние ви предлагаме рецепт за традиционален посен грав на масло…

  • 500 г грав
  • 2 главици кромид
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • половина целер
  • 1 свежа зелена пиперка
  • сол и бибер
  • малку масло
  • 3 лаврови листа
  • свеж магдонос
  • 3 чешниња лук

Приготвување:
Потопете го гравот ден претходно во тенџере со вода. Утредента, процедете го гравот и добро измијте го. Потоа, во лонецот ставете малку масло (2 лажици), па продинстајте кромид, рендан морков, целер и пашканат. Кога сето тоа ќе се продинста, додајте го измиениот грав, сол и бибер и сипете вода, за да се свари.

Ставете 3 лаврови листа и 1 свежа зелена пиперка. Пред крајот на готвењето, додајте ситно сечкан лук и извадете ја пиперката од тенџерето. Ставете што повеќе свеж магдонос, а лавровиот лист можете да го извадите од лонецот.