
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
500 мл јогурт/кефир
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 јајце
750 г брашно
1 супена лажица прашок за печиво
20 мл масло
За фил (избор):
2 мали главици кромид, ситно сечкан
150 г печурки, ситно сечкани
200 г бело месо, ситно сечкано или мелено
150 г кисела павлака и неутрална павлака
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте го јогуртот, со јајце, сол и шеќер, па постепено додајте го брашното и прашокот за печиво.
Кога ќе се формира меко и компактно тесто, додајте го маслото и домесете го за да се измазни. Покријте го и оставете да одмори 20 минути.
2.За фил: испржете го ситно исечканиот кромид, додајте ги сечканите печурки и динстајте додека да омекне и испари течноста. Додајте го сечканото месо, додајте го во тавата и динстајте го додека да омекне и ја промени бојата.
3.Зачинете по вкус и додајте ја павлака. Динстајте со мешање додека сето да се поврзе и да испари вишокот течност, приближно 15 минути, под капак. Тргнете го настрана и оставете да се олади.
4.Одмореното тесто поделете го на приближно 19-20 топчиња. Покријте ги со кеса за да не се сушат. Земете едно, посипете го со малку брашно и развлечете го со рака или со оклагија, а во средината ставете фил.
5.Затворете го како триаголник.
6.Во тава загрејте масло на умерена температура, па пржете ги полнетите мекици додека убаво да заруменат од двете страни.

Македонски



