
Јадење што гарантирано ќе ги воодушеви сите.
Состојки:
500 г шупливи, кратки макарони
100 г сланина
4 лажици масло
сол, бибер
200 г листови сирење трапист
2 прстофати црвен пипер
Приготвување:
1. Во големо тенџере сипете вода и малку сол, сварете ги тестенините, па добро исцедете ги.
2. Загрејте ја рерната на 200 степени.
3. Исечкајте ја сланината на ленти и кратко пропржете ја на врело масло. Потоа, извадете ја и измешајте ја со тестенините. Забиберете и посолете.
4. Во сад за мусака редете ги сирењето и мешавината со тестенини во слоеви, така што ќе завршите со листови сирење на врвот. Посипете со црвен пипер и печете 25-30 минути додека кашкавалот почне да се топи, но внимавајте да не потемни.