Покраинскиот суд во Келн му забрани на дисконтниот ланец „Алди Југ“ да го продава неговото Дубаи-чоколадо. Според судот, како „Дубаи-чоколадо“ смее да се означува само продукт кој е произведен во Дубаи или кој има некаква друга географска врска со Дубаи. Во спротивно, се заканува опасност потрошувачите да бидат доведени во заблуда, објави Дојче веле.
„Алди Југ“ од декември минатата година во своите продавници нудеше „Алјан Дубаи рачно изработено чоколадо“, произведено во Турција, како што стои на задната страна од пакувањето. Сепак, од гледна точка на судот, оваа индикација не е доволна. Поради името, потрошувачите можат да претпостават „дека производот всушност бил произведен во Дубаи и увезен во Германија“, се вели во одлуката.
Тужбата ја покрена увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој во Германија продава чоколадо од брендот Фекс, произведено во Дубаи. Во декември, Вилмерс испрати опомена и до дисконтниот ланец „Лидл“ и кондиторскиот производител „Линд“ поради продажбата на чоколадото од Дубаи. За оваа постапка сѐ уште нема одлука.
За чоколадото исполнето со фил од фстаци и кадаиф од неодамна владее голем интерес што се должи и на социјалните медиуми како Инстаграм и ТикТок.