Skip to main content

Брускети со кремаст намаз од грашок

Magnific

Голема е веројатноста дека дури и оние што вообичаено не би одбрале грашок ќе се вљубат во овој рецепт во кој грашокот е главна ѕвезда, бидејќи во комбинација со внимателно избрани состојки тој претставува совршен намаз на парче леб или брускета.

 Состојки

  • 250 грама грашок од конзерва
  •  сецкан магдонос
  • 4 варени јајца
  • 1 мало чешне лук
  • ½ лимон (изрендана кора и исцеден сок)
  • 100 грама сирење рикота
  • ½ лажичка сув зеленчук и бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 4-8 парчиња леб

Подготовка:

Ставете ги јајцата во зовриена посолена вода и варете ги 5 минути. Потоа, веднаш тргнете ги од оган и ставете ги во ладна вода. Во електрична сецкалка ставете ги исцедениот грашок, магдоносот, сецканиот лук, ренданата кора од лимон, 1 лажица сок од лимон, рикотата, сувиот зеленчук, биберот и маслиновото масло.

Соединете ги состојките додека не добиете смеса налик на намаз. Намачкајте ја смесата од грашок врз потпечено парче леб и одозгора ставете го вареното јајце. Послужете веднаш, посипано со свежо мелен црн пипер.