
Светот влегува во 2026 година со голема доза неизвесност, а предвидувањата на еден човек повторно го привлекуваат вниманието на илјадници луѓе ширум планетата.
Николас Ауџула, видовит човек и хипнотерапевт кој стана светски познат тврдејќи дека го предвидел Ковид-19, ги објави своите визии за наредните 12 месеци.
Според него, нè очекува година „полна со изненадувања“, од климатски аномалии па сè до директен контакт од вселената.
Еден од највознемирувачките делови од предвидувањата на Ауџула се однесува на Балканот и околните региони. Тој најавува засилена вулканска и сеизмичка активност, особено во Грција и во Турција, но слични настани очекува и во Тихиот Океан и Азија.
Иако сеизмолозите постојано ги следат овие подрачја, ваквите изјави на пророкот редовно предизвикуваат бранување на социјалните мрежи.
Во светот на шоу-бизнисот и политиката, 2026 година ќе биде година на пресметки: Холивуд ќе биде погоден од масовни тужби за клевета, вештачката интелигенција ќе навлезе уште подлабоко во филмската индустрија со масовни продукции создадени од алгоритми, а за Доналд Трамп предвидува „пад од високо“ што многумина го толкуваат како симболична загуба на влијанието или нов политички пресврт.
Кралските драми продолжуваат. Тој предвидува јавни конфликти меѓу принцот Хари и Меган Маркл кои ќе ги полнат насловните страници.
Најекстравагантните предвидувања вклучуваат појава на вонземјани. Темата за НЛО последниве години влезе и во официјалните извештаи на Пентагон, а Ауџула верува дека во 2026 ќе има појасни знаци за нивното присуство.
Паралелно, предупредува и на нова „мистериозна болест“ со симптоми слични на аневризма. Здравствените експерти советуваат претпазливост при толкувањето на вакви тврдења, за да се избегне паника каква што имавме во 2020.
Кој е Николас Ауџула? За оние што првпат слушаат за него, тој тврди дека визии имал уште од 17-годишна возраст. Верува во реинкарнација и вели дека во минатите животи бил египетска кралица, па дури и лав.
На листата на негови „погодувања“ се и победата на Трамп во 2016, подемот на вештачката интелигенција и личните драми на ѕвезди како Кејти Пери.
Дали ќе се остварат овие предвидувања за 2026 или ќе останат во доменот на фантастиката, ќе видиме.

Македонски




