Skip to main content

Пред Велигден задолжително внесете ги овие 7 работи во вашиот дом за среќа, добро здравје, хармонија и успех

Ни доаѓа најрадосниот христијански празник – Христовото воскреснување – Велигден и убаво е да се знае за овие неколку работи кои треба да ги имаме во нашиот дом, бидејќи се верува дека тие носат среќа, мир и просперитет. Експертот за Фенг шуи Мари Дајмонд открива каде треба да ги поставиме за да привлечеме позитивна енергија и хармонија меѓу домаќинството, како и кои места треба да ги избегнуваме.

Крст

Крстот е основниот симбол на христијанската вера и без него не можеме да замислиме ниту еден празник. Исус бил прикован на крстот и умрел на него, за да воскресне три дена подоцна. Ставете го во северозападниот дел од домот, во трпезаријата, канцеларијата или закачете го над рамката на вратата.

Свеќа

Свеќатa дава светлина која ја осветлува темнината. И на Христос се гледа како вечна светлина која на христијаните им го покажува патот од смртта до вечниот живот. Според советите на Мари, поставете ги свеќите во североисточниот дел од домот.

Велигденско зајаче

Во Фенг шуи фолклорот, зајакот има долга историја. Фигурините од зајак претставуваат плодност, изобилство на љубов, богатство, бесмртност и среќа. Пар бели зајаци во дневната соба можат да привлечат среќа – што е одлично за велигденските веселби.

Најдобро е да ги поставите во источниот дел од домот – дневна, трпезарија или канцеларија.

Бели лилјани (лилии)

Долго поврзани со Велигден, овие цвеќиња претставуваат чистота, доблест, мир и божествена енергија. Поставувањето бели лилјани во северозападниот дел на кој било простор од домот помага во привлекување на мирот. Североисточниот дел, област позната по духовниот раст, е уште една просперитетна област за овие цвеќиња.

Лилјаните се исто така најпопуларниот цвет поврзан со погребите, симболизирајќи го повторното раѓање или невиноста по смртта. Тие се добри и за привлекување успех. Според Фенг шуи, црвените цвеќиња треба да се избегнуваат.

Украси во облик на јајце

Не можеме да го замислиме Велигден без јајца, кои се сметаат за заштитник на плодноста. Ставањето јајца низ домот може да ја направи околината попријатна. Покрај тоа, украсите во облик на јајце се добредојдени насекаде во куќата за време на Велигден, тие симболизираат семеен круг или гнездо каде членовите на семејството се чувствуваат безбедно и мирно. Ставете ја чинијата со јајца во западниот дел од домот, трпезаријата или дневната соба.

Гранки од палма, маслинки, зелена трева и лисја

Тие претставуваат симбол на мирот. Украсете го југоисточниот дел од домот, односно просторијата во која поминувате поголем дел од времето, со зелени гранчиња.

Јагне

Јагнето го симболизира самиот Исус, роден во штала меѓу јагниња, бркан од луѓе-волци. Тој е жртвеното јагне кое трпеливо ги поднесуваше страдањата и смртта, и победничкото јагне кое е Божјо, на небесниот престол.

Исто така, јагнињата се раѓаат на пролет и означуваат нови почетоци. Ставете ги фигурините во јужниот дел на домот, во дневната соба, трпезаријата или канцеларијата, пишува „Стил“.

Поврзани вести