Персиските Бесмртници биле елитна воена единица која служела како царска гарда и постојана војска на моќната Ахеменидска империја. Составена од 10.000 високо обучени војници, гардата на Бесмртниците била позната по тоа што секогаш го одржувала својот број – секогаш кога некој член ќе бил убиен, ранет или болен, тој веднаш ќе бил заменет. Со тоа се создавала аура на бесмртност на нејзините членови.
Претежно со персиско потекло, но и со припдници од Медијците и Еламитите, Бесмртните играле клучна улога во големите освојувања и битки на Персиската империја. Од нив особено се плашеле поради нивниот застрашувачки изглед, со украсени наметки и оружје и оклопи обработени со злато.
Сепак, и покрај нивната огромна репутација, античките извори сугерираат дека вистинската сила на Бесмртните на бојното поле не се совпаѓала со нивниот имиџ.
Во познатите битки со Елените, како што се тие кај Термопилите и Платеја, оружјето и оклопот на Бесмртниците се покажале инфериорни во однос на хоплитите со кои се соочиле. Персијците повеќе се потпирале на големиот број на војници и на психолошка војна отколку на борбената вештина за да ги победат своите противници.
На крајот, Бесмртните се сретнале во битка против Александар Македонски. Тогаш, по речиси два века како најпознати воини во Персија, елитната, но можеби погрешно именувана сила, била одлучно поразена кај Гавгамела во 331 п.н.е., со што се отворил патот за падот, на некогаш непобедливата Ахеменидска империја.