Skip to main content

Милица Тодоровиќ се чувствува измамено и искористено: Уапсениот свршеник криел се за себе

Милица Тодоровиќ не може да си дојде на себе, откако полицијата го привела по потерница од Интерпол, нејзиниот свршеник Марио Б. за кривично дело измама и фалсификување.

Таа верувала дека конечно ја пронашла својата сродна душа и некој покрај кој ќе има ќе има мир, ама се испоставило дека е измамена.

Милица е баш лошо. Како некој да фрлил црна магија на неа. Кога и да се заљуби и помислува дека тоа е правиот, нешто се изјаловува. Се чувствува насамарено и измамено, очигледно не знае многу работи за Марио и неговото минато. Многу работи излажал. Сега е прашање дали во Белград дошол заради неа или само побегнал од Хрватска – рекол извор близок до пејачката.

Откако изминаа 24 часа, се огласи и пејачката која изјави дека тие не се повеќе заедно.

Драги мои луѓе, добро попладне. Како што видовте, не сакав да зборувам во првите 24 часа, но кога видов колку е далеку отидена работава, морав да се изјаснам – почна Милица, а потоа продолжи:

Сакам да кажам дека немам никаква врска со овој настан, бидејќи веќе некое време не сум во романтична врска. Жал ми е, но така е. Се случуваат добри и лоши работи, што да правиме, таков е животот. Ајде да продолжиме, насмевнете се – рече таа.

Поврзани вести