
Американскиот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин и шведската принцеза Софија неколкупати се среќавале во Њујорк, пред таа да се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година и да стане принцеза на Шведска, покажале документите од истрагата за Епстин.
Во обелоданетите документи и е-пошта од истрагата за осудениот и сега починат сексуален престапник Џефри Епстинн се наведува дека претприемачката Барбро Енбом ги поврзувала младите Швеѓанки од својата мрежа со Епстин, а една од нив била Софија Хелквист, сега принцеза Софија, која неколкупати се состанувала милијардерот, објави „Дагенс нихетер“.
Според пишувањето на весникот, Епстин, исто така, понудил да ѝ организира обука за глума.
Судот потврдил дека принцезата Софија се запознала со Џефри Епстин во различни социјални контексти.
„Принцезата Софија била запознаена со дотичниот во неколку наврати околу 2005 година“, соопшти судот.
Судот не одговорил каде, како или зошто го запознала Џефри Епстин.
Софија Хелквист се занимавала со манекенство, а била и учеснички ријалити шоуа пред да се омажи со шведскиот принц Карл Филип.
Епстин беше уапсен на 6 јули 2019 година, според федерални обвиненија за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација во Флорида и Њујорк, а почина во затворска ќелија во август 2019 година.

Македонски







