Skip to main content

Бракот на принцот Хари и Меган се соочува со криза: Тој влече на една страна, таа на друга!

Принцот Хари и Меган Маркл се соочуваат со брачна криза, бидејќи и двајцата сакаат различни работи од животот во Калифорнија, тврди биографот Том Бовер.

Бовер ја најавил својата втората книга за славната двојка и во неговата најава изјавил дека Хари и Меган се „борат за опстанок“ откако ги напуштиле кралските должности и се преселиле во Монтекито.

„Зависат еден од друг. Вистинскиот проблем е тоа што не можат да се усогласат со нивните идентитети. Тој е принц кој не разбира како се заработуваат пари, а таа е актерка која не успеала и на која ѝ се посреќило“, рекол Бовер.

Писателот, кој во 2022 година ја објавил книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорови“, додал дека интервјуто што го дале за Опра Винфри во 2021 година, во кое изнесоа обвинувања против кралското семејство, ќе продолжи да ги следи.

„Никој не може да негира дека таа напорно работи, но сè што ќе допре, страда, поради таа рана што самата си ја зададе – обвинувањата против семејството. Тоа го обележува сето тоа што го прави“, рекол тој.

Истакнал и дека двојката како таква му е бескрајно фасцинантна.

„Не постои никој како нив“, навел.

Том сугерирал и дека Хари и Меган се во криза поради различните животни цели. Хари, наводно, сака да се смири со кралското семејство, додека Меган се фокусира на славата и богатството.

„Меган сака да стане милијардерка, а Хари не го разбира тој свет – освен што знае дека Меган сака да биде славна. Целиот живот го поминал без да се грижи за пари. Никогаш не морал да се прашува дали ќе има автомобил или работа. Затоа, не ја разбира нејзината перспектива, а тоа е дека таа работела со сите сили, се борела, постојано била понижувана и сега сака финансиска и статусна сигурност“, рекол Бовер во интервју за Mirror.

Исто така, истакнал дека Меган сè уште го нема статусот што го посакува и дека таа и Хари заглавиле во Калифорнија, држејќи се до својот кралски статус.

„Хари размислува за смирување. Тоа е апсолутно нереално. Не постои никаква шанса за тоа, бидејќи Вилијам и Кејт се многу гневни. Тоа е неверојатна приказна, единствена, бидејќи нема преседан. Ова е двојка со светска слава, која непрекинато се бори за себе. Тие се тврдоглави и немирни – затоа се и толку интересни“, додал Бовер.

Меган, се чини, верува дека ќе стане милијардерка со помош на многуте деловни подвизи. Извор близок на двојката рекол дека Меган верува дека ќе го оствари тоа, па вработила тим на експерти, кои би требало да ја доведат до таа цел.