Skip to main content

Длабоко во џунглите на Амазон расте дрво за кое се смета дека е 10 000 пати посилен убиец на ракот од хемотерапијата

Екстракт од тропско дрво е 10 000 пати посилен убиец на ракот од хемотерапијата

Длабоко во џунглите на Амазон расте едно дрво кое може да го револуционизира она што лекарите и светот знаат за лекувањето на ракот и за шансите за опстанок.

Иднината никогаш не изгледаше повеќе ветувачки. Информациите за гравиолата доаѓаат од списанието Nutrition and Cancer и други извори, во кое се објавени некои истражувања од 2011 година за лекување на ракот на дојка со него.

Утврдено е дека екстрактот од плодовите содржи материи депресори во развојот на канцерогениот ген (онкогена) во клетките на ракот, кој е катализатор на епидермалниот фактор на нивниот раст.

Овој екстракт од тропско дрво е 10 000 пати посилен убиец на ракот од хемотерапијата, а тоа го покажаа истражувањата после 5 недели терапија со ова овошје т.н. „гравиола“.

Кај ракот на дојка се намалува значително нивото на експресија на протеините EGFR со 56%, р-EGFR со 54% и р-ERK во MDA-MB-468 со 32, 5%.

Заклучокот на експертите е дека екстрактот од гравиола индуцира голема инхибиција на растот на клетките MDA-MB-468. Тоа е докажано експериментално. Според списанието тој може да се применува за лекување на рак на дојка, на дебелото црево, а екстрактот и од другите делови на растението како семиња, корења, кора се ефикасни против рак на панкреасот, желудникот, бубрезите, простатата, белиот и црниот дроб.

Има смирувачко дејство, го намалува крвниот притисок, делува против паразити, вируси и бактерии. Контраиндицирано е кај бремени жени, луѓе со низок крвен притисок, а при подолго време на земање може да предизвика уништување на корисни бактерии во цревата и да се наметне донесување на пробиотици.

Гравиолата е 10 000 пати посилен убиец на клетките на ракот од адриамицинот кој ги убива и здравите клетки. За разлика од него гравиолата има изборен цитоскопичен ефект против клетките на ракот и ги убива само нив, а здравите клетки остануваат живи. Адриамицинот е силно токсичен и е наречен црвениот ѓавол, бидејќи има црвена боја и има страшно несакани ефекти.

Зошто сепак научниците молчеле досега? Дрвото гравиола е познато со антираковите својства за прв пат од 1976 година, кога почнаа да прават серија тестови и ги докажаа лековитите својства. За некое време тие изумираат, бидејќи научниците биле шокирани од најефикасните својства и не поверувале на резултатите, велат од списанието Nutrition and Cancer. Natural news велат дека фармацевтската мафија е виновна, бидејќи заработуваат милијарди долари од истражувачката работа за борба против ракот и неговиот третман. Секоја година умираат од рак 8 милиони луѓе во светот.

извор: градина.мк

Поврзани вести