
Венера – планетата што ја симболизира љубовта, парите и дарежливоста – на 13 октомври излегува од Девица и влегува во знакот Вага, каде нејзиното влијание е особено силно. Оваа промена најмногу ќе ја почувствуваат Вагите, Водолиите и Близнаците.
Венера во Вага носи посебна доза шарм, елеганција и желба за хармонија во животот. Луѓето под нејзиното влијание имаат изразено чувство за естетика, сакаат убави нешта, пријатна околина и друштво во кое се чувствуваат прифатени и сакани.
Судбински средби и нови љубови
До 6 ноември, Венера ќе им подари можност за нова романса токму на Вагите, Водолиите и Близнаците. Овие знаци ќе зрачат со посебна енергија, магнетизам и топлина што ќе ги привлекува луѓето околу нив.
Нивниот животен мотив е рамнотежата – тие избегнуваат конфликти, тежнеат кон мир и компромис, и најчесто се чувствуваат исполнето кога се во пар.
Љубов, стил и хармонија
Во љубовта, Венера во Вага бара рамноправност, нежност и заемно почитување, а истовремено внесува и доза заводливост и шарм. Овој транзит истакнува и желба за убавина и уметност – модата, стилот и естетиката ќе бидат во преден план.
Венера им дарува чувство за мода и убавина, како и способност со своето присуство да внесат мир и хармонија во животите на другите. Сепак, понекогаш може да донесе и неодлучност – бидејќи овие личности сакаат да им угодат на сите и тешко кажуваат „не“.
Влијанието на Венера во Вага разбудува голема потреба за љубов, друштвеност и создавање убавина, па луѓето со овој аспект зрачат со посебна леснотија и допадливост, поради што се издвојуваат во секое општество.