Skip to main content

Зеленски очекува Русија да изврши големи напади по Божик

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека очекува Русија да преземе тешки напади по Божик.

Тој пред дипломатите во Киев наведе дека е сосема нормално Русија да почне масовни напади за Божик, потенцирајќи оти ситуацијата е тешка поради недостиг на системи за воздушна одбрана.

Украина го слави Божиќ на 25 декември, иако многу Украинци се придржуваат до православните традиции и го слават празникот на 7 јануари, како во Русија.

Зеленски во вечерното обраќање до нацијата наведе дека очекува украинската делегација која во Мајами разговара со американскиот специјален претставник Стив Виткоф денеска да се врати во Украина.

Виткоф по одделните разговори со украинската и руската делегација изјави дека преговорите биле конструктивни.

Поврзани вести