
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во Париз разговарал со својот француски колега, Емануел Макрон, за зајакнување на одбраната на Украина од руска агресија.
Во својата објава на Икс, тој исто така повика на дипломатско решение за ставање крај на украинскиот конфликт.
„За време на нашата средба со претседателот Макрон, разговаравме токму за тоа, за реалните можности на Украина да се спротивстави на рускиот тероризам, за нашата одбрана и поддршка што може да ги зајакне нашите позиции во дипломатијата. Исто така, имавме многу содржајна дискусија за дипломатијата и нашите чекори“, напиша Зеленски.
Тој додаде дека денеска во Париз, на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, на кој присуствуваат шефови на држави, лидери на меѓународни организации, министри и амбасадори, се подготвуваат „важни политички чекори“.
„Дипломатијата и вистинската помош мора да одат рака под рака“, напиша Зеленски на Икс.
Во Елисејската палата пристигнаа и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер

Македонски





