Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена.
Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината. Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби.
Фокусиран сум на воената помош. Таа не е запрена“, изјави Зеленски на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.