Skip to main content

Западни разузнавачи се жалат дека Русија го советува Иран за тактиката за употреба на бесполотните летала

Западните медиуми продолжувааat да дискутира за постоењето руско-иранска воено-техничка соработка во услови на американко-израелските напади врз Иран. „Си-Ен-Ен“ објави извештај во кој се тврди дека официјална Москва помага со употребата на беспилотни летала Шахед-136.

Повикувајќи се на извори од западните разузнавачки служби, телевизијата објавува дека, покрај обезбедувањето разузнавачки податоци, Русија споделува и тактики за употреба на беспилотните летала. Особено, руски експерти наводно советуваат за напади во бранови и маневри за заобиколување на системите за воздушна одбрана.

Според медиумот, она што некогаш било општа поддршка меѓу двете земји, сега предизвикува растечка загриженост. Ова ги вклучува стратегиите за водење на беспилотни летала што Русија ги користи во Украина.

Како што коментира „Си-Ен-Ен“, постојат сериозни сомнежи дека Иран очигледно ги анализирал тактиките на употреба беспилотни летала што се користат во Украина, нешто што не можел да го сфати сам.

Поврзани вести