
Бројот на жртви во Непал по катастрофалните поплави во пограничниот регион со Кина, Расува, се искачи на 475, како исчезнати се водат 2.381 лице, а повеќе од 100 работници се заробени во тунел на хидроцентрала, соопшти непалската полиција, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Спасувачките напори во Тибет се прекинати поради страв од натамошни поплави.
Според портпаролот на полицијата, досега се спасени 1.545 лица: 644 во Расува, 898 во Нувакот и тројца во Дадинг.
Меѓу исчезнатите има 644 странски државјани – најмногу се Индијци 178, по кои следат 65 американски државјани, 53 Украинци, 51 Малезиец, 35 Австралијци, 33 Британци и 25 Канаѓани

Македонски


