
На Израел му претстои „мрачна ноќ“, изјави неименуван висок ирански претставник за Си-Ен-Ен, откако Израел денеска изврши масовни напади врз Иран, а Иранците одговорија.
Според истиот извор, иранските сили веќе собориле неколку израелски летала и неутрализирале „значителен број“ ракети и дронови истрелани од Израел.
Операциите на вооружените сили на Иран против позициите на ционистичкиот режим ќе продолжат и овој режим се соочува со мрачна ноќ, изјави претставникот.