Skip to main content

„Вашингтон пост“: Како Џаред Кушнер стана неопходен втор мировен претставник на Трамп

X / Jared Kushner

Американскиот весник „Вашингтон пост“ верува дека Џаред Кушнер е единствената надеж на Украина и неопходен втор мировен претставник на американскиот претседател Доналд Трамп. Кушнер е зет на Трамп и е оженет за неговата ќерка Иванка.

Изданието забележува дека заедно со специјалниот претставник на администрацијата, Стив Виткоф, Џаред Кушнер учествуваше и имаше значајна улога во серија состаноци со руски и украински претставници, вклучувајќи разговори во Москва со Владимир Путин, како и консултации со украинската делегација во Женева и Мајами.

Виткоф се фокусираше на територијалните аспекти на договорот, повикувајќи ги Украинците да се откажат од неокупираниот дел од регионот Донецк во Украина за да се постигне мир. Изтовремено, во услови на жестоки несогласувања, Кушнер ја играше улогата на пофлексибилен преговарач во споредба со Виткоф, за кого украинската страна сметаше дека е склон да ги прифати руските позиции. Кушнер, сепак, беше повнимателен и поприемчив кон позицијата на Украина и побрзо ги разбираше новите информации, кои ги прифаќаше во вид на белешки“, пишува „Вашингтон пост“.

X / Jared Kushner

Поврзани вести