Јужна Кореја потврди дека украинските сили заробиле севернокорејски војник во руската област Курск
Разузнавачката служба на Јужна Кореја потврди дека вооружените сили на Украина за првпат заробиле војник од Северна Кореја.
- Врз основа на информации споделени во реално време со разузнавачката организација на пријателска земја, го потврдуваме заробувањето на ранет севернокорејски војник и планираме внимателно да го следиме натамошниот развој на ситуацијата – се наведува во кусото соопштение на Националното разузнавање.