Skip to main content

Украинците возвратија за нападот на Киев: Гореше складиште со руска нафта

Утринава избувна пожар во складиште за гориво во Смоленскиот регион, во западниот дел на Русија, по напад со беспилотно летало извршен од украинските сили, соопшти регионалниот гувернер Василиј Анохин.

Во објава на Телеграм, Анохин објасни дека по нападот дошло до излевање на гориво и мазива, што потоа се запалиле.

Тој додаде дека руските системи за противвоздушна одбрана го сузбиле нападот на украинските беспилотни летала, пренесуваат руските медиуми.

Началникот на општината Јарцево во областа Смоленск, Роман Захаров изјави дека екипи на Министерството за вонредни ситуации го гаснат отворениот оган на местото на инцидентот.

Поврзани вести