Skip to main content

Украина потврди дека со дрон погодила руска рафинерија во близина на Црното Море

Украинската војска погоди нафтена рафинерија во рускиот црноморски град Туапсе, што е втор удар за помалку од една недела, соопшти денеска на Телеграм командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди.

Руските власти соопштија дека по нападот избувнал пожар и најмалку едно лице загинало. Ова се случило само неколку часа откако бил изгаснат пожарот од сличен напад извршен на 16 април.

Рафинеријата во Туапсе, во сопственост на компанијата „Роснефт“, била ориентирана кон извоз и има капацитет да преработува околу 240.000 барели сурова нафта дневно.

Поврзани вести