Skip to main content

Туск: Полска нема да испрати војници во Украина

Фејсбук профил на Доналд Туск

Премиерот на Полска, Доналд Туск, по денешниот Самит на Коалицијата на подготвените, изјави дека Варшава не планира да испрати трупи во Украина.

Веќе многу пати нагласив дека не предвидувам испраќање трупи во Украина, дури ни по завршување на војната, наведе Туск.

Тој потенцира дека е доволно тоа што Полска е најголем центар од каде што се организира помошта за Украина односно е одговорна за логистиката.

Претходно и италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Рим нема да испрати војници во Украина за да го набљудуваат евентуалниот мировен договор со Русија.

Таа нагласи дека Италија е подготвена да го поддржи евентуалниот прекин на огнот преку иницијативи за набљудување и обука надвор од украинската територија.

Поврзани вести