Skip to main content

Тројца убиени во пукање во фризерски салон во шведскиот град Упсала

фото: Х

Три лица загинале во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала, а во тек е обемна полициска потрага по сторителот, јавуваат шведските медиуми.

Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку лица пријавиле дека слушнале истрели во областа, јави Би-Би-Си.

Пукањето се случило во пресрет на традиционалниот пролетен фестивал „Валпургиска ноќ“, кој привлекува голем број луѓе на улиците.

Кратко по 17 часот, полицијата била повикана на адреса во близина на плоштадот Ваксал во Упсала поради, како што рече портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин, „неколку повици за гласни звуци што потсетуваат на истрели“.

Како што објави „Афтонбладет“, еден сведок кој живее во близина изјавил дека „слушнал пет до шест истрели“.

Според информациите доставени до „Афтонбладет“, полицијата го бара осомничениот сторител кој го напуштил местото на злосторството со електричен скутер.

Според описот на полицијата, мажот носел очила за сонце и темна облека.

Во потрагата по сторителот на тројното убиство учествува и полициски хеликоптер.

Досега нема информации за идентитетот на жртвите. 

Поврзани вести