Skip to main content

Трамп почна со разрешување, предупреди дека „уште илјада“ ќе се соочат со неизбежно отпуштање

Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска отпушти четворица високи владини функционери назначени од неговиот претходник и предупреди дека „уште илјада“ ќе се соочат со неизбежно отпуштање во првата објава на Truth Social по неговата инаугурација.

Мојата претседателска канцеларија за персонал е активно во процес на идентификување и отстранување на над илјада претседателски лица именувани од претходната администрација, кои не се усогласени со нашата визија да ја направиме Америка повторно голема, објави Трамп на платформата.

Разрешени се – Хозе Андрес од Претседателскиот совет за спорт, фитнес и исхрана, Марк Мили од Националниот советодавен совет за инфраструктура, Брајан Хук од Центарот Вилсон и Кеиша Ленс Ботомс од Претседателскиот совет за извоз.

Поврзани вести