
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот.
Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social.
По долга ноќ разговори посредувани од САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан постигнаа целосно и моментално прекин на огнот, напиша Трамп.
Тој дополнително ги пофали двете земји за користењето на „здрав разум и голема интелигенција“.