
Американскиот претседаел, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин сака да постигне договор а завршување на војната, иако таков договор не му е неопходен, затоа што ако сака може да ја освои и добие цела Украина.
Не се обидувам да го претставам Путин во подобро светло. Само ви го кажувам фактот – овој конфликт не требаше да се случи“, нагласи Трамп.
Според него, Зеленски нема „адути“ за преговори со Русија.
Трамп неодамнешниот разговор со Путин го нарече многу добар, истакнувајќи дека немал толку добри разговори со официјален Киев.
Трамп, исто така, нагласи дека Европа не направила ништо за надминување на конфликтот во Украина, вклучително и дека не се обидела да комуницира со Русија.