
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа „TruthSocial“ напиша дека Гренланд е од витално значење за националната безбедност на земјата и „Златната купола“ што ја градат Американците.
На Соединетите Американски Држави им е потребен Гренланд за национална безбедност. Тоа е од витално значење за Златната купола што ја градиме. НАТО треба да го предводи патот за ние да го добиеме“, порача Трамп.

Трамп нагласи дека ако САД не преземат иницијатива, Русија или Кина „може да се обидат да го преземат“ стратешки важниот регион. Според него, ефикасноста на НАТО директно зависи од силата на САД што ја изградиле за време на својот прв мандат и продолжуваат да ја градат.
НАТО ќе стане многу помоќен и поефикасен ако Гренланд е во рацете на САД. Се помалку од тоа е неприфатливо“, додаде Трамп.
Претходно, во Конгресот на САД веќе е поднесен закон за анексија на Гренланд.

Македонски




