Skip to main content

Трамп ќе разговара со Путин за сомневањата за чума во сибирски институт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека закажал средба со рускиот претседател Владимир Путин за можен случај на чума во истражувачки институт во Сибир, по смртта на вработен во таа институција од пневмонија од непозната причина.

Трамп им рекол на новинарите во Белата куќа дека „многу наскоро“ ќе разговара за случајот со Путин.

Кога бил прашан што вели американската разузнавачка заедница за случајот, Трамп рекол дека САД водат „многу сериозни дискусии“ на таа тема.(МИА)

Поврзани вести