
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе добие подарок од 400 милиони долари за „Летечка палата“ од кралското семејство на Катар. Toa e нов луксузен авион „Боинг 747-8“ кој ќе го замени неговиот сегашен претседателски авион.

Станува збор за авион специјално изменет и опремен со раскош за што поголема удобност на Трамп.

Авионот, познат како „летечка палата“, го изгради компанијата „L3Harris“ за американскиот претседател.
Авионот има напредни системи за безбедност, комуникација и контрамерки.




