![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/donald-tramp-2024-960x639-1.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека има мандат од американскиот народ да го елиминира расипничкото трошење на владините агенции. Тој додаде дека го овластил милијардерот Илон Маск да ја промени федералната влада преку Одделот за ефикасност на владата.
Во изјава за „Фокс њуз“ Трамп истакна дека затоа се кандидирал за функцијата.
Гледате, се борев за ова, а луѓето сакаат да го реализирам. И имав голема помош од Илон Маск, кој беше одличен“, рече Трамп.
Прашан дали му верува на Маск, Трамп одговори дека милијардерот „не добива ништо“ за време на неговата работа во американската влада.
Дали му верувам на Илон? О, тој не добива ништо. Всушност, се прашувам како може да му посвети време на тоа. Тој е толку посветен“, изјави Трамп.