Skip to main content

Терористички чин: Три лица се избодени со нож во центарот на Тел Авив

Три лица се повредени во терористички напад во центарот на израелскиот град Тел Авив, објави Тајмс оф Израел.

Според израелските медиуми, жртвите се двајца мажи на возраст од 24 години, едниот во умерена, а другиот во лесна состојба и 59-годишен маж кој исто така е полесно повреден.

Нападот се случил на две локации: на улицата Нахалат Бињамин и улицата Калишер во близина, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на Црвената Давидова ѕвезда (МДА).

Изаелската национална служба објави и дека напаѓачот бил застрелан на местото на настанот, а полицијата потврдила дека нападот со нож во Тел Авив бил терористички чин.

Полицискиот комесар Дени Леви пристигнува на местото на настанот, додаде полицискиот портпарол.