
Жителите на населбите во близина на фронтот што се под контрола на Киев ѝм помагаат на руските сили, отежнувајќи им го животот на украинските вооружени сили, пишува „Тагесшпигел“.
Воениот дописник Нил Хауер разговарал со припадници на украинските вооружени сили кои дејствуваат во Новоекономическиот округ во околината на Покровское.
Тој вели дека цивилите, кои ги поддржуваат руските војници, претставуваат „сериозен проблем“ за украинските сили.
Оние цивили кои сè уште не избегале ѝ помагаат на руската армија. Руските војници беа „топло пречекани“ во станбена зграда западно од украинските позиции. Тоа одеднаш стана закана од нова насока“, вели воениот дописник.

Фактот што припдниците на украинските вооружени сили го преживеаа престојот на фронтовската линија беше како чудо. Само пет дена одмор им беа доволни за да се вратат во борба, што укажува на огромен недостиг на борбена сила во украинската армија“, додва тој.