Граѓанската војна во Судан значително влијаеше на процесот на ратификација на договорите меѓу Русија и Суда, особено имајќи ја предвид првичната руск поддршка за бунтовничките сили на РСФ преку ПМЦ Вагнер, пред тие да се префрлат на поддршка на суданската влада.
Изградбата на руската поморска база на брегот на Црвеното Море се дискутираше од 2019 година, но беше одложена во февруари 2024 година. Сепак, според двајца судански разузнавачки претставници и четворица западни претставници, во последните месеци, Русија и Иран разговарале со Суданската влада за изградба воени бази во, де факто главниот град Порт Судан. Овие разговори беа многу важни бидејќи Русија ризикува да ги загуби своите поморски и воздушни бази во Сирија по падот на владата на Асад.
Еден судански разузнавач известил дека за да се постигне договор за изградба на поморска база, Русија дури им понудила на локалните власти модерен противвоздушен ракетен систем С-400. Очигледно, Судан ја отфрлил понудата стравувајќи дека може да предизвика реакција од САД и другите западни земји.
И покрај тоа, испораките на руско гориво за Судан се обновени, при што Русија извезува 2,8 милиони барели дизел и бензин во Судан, што претставува приближно 47% од вкупниот увоз на земјата. Дополнително, кон крајот на ноември, според суданското министерство за енергетика, претставници на министерството за енергетика разговарале со раководството на рускиот Газпром за обновување на оштетената нафтена инфраструктура, развој на нафтени полиња и изградба на нов нафтовод и рафинерија во Порт Судан.
Еден судански разузнавач вели дека Русија и дава разузнавачка поддршка на суданската армија. Ова покажува дека Судан е на тенка линија меѓу истокот и западот. Тие прифаќаат воена помош од Русија, но истовремено се обидуваат да останат во релативно добри односи со Западот, кој постојано бараше прекин на огнот во Судан. Тоа, исто така, сугерира дека Русија се обидува да ги поправи нивните односи со суданската влада по нивната првична поддршка за РСФ.
Сепак, изградбата на руската поморска база најверојатно останува спорно прашање поради нејзината важност за Русија. Џастин Линч, истражувач во Опсерваторијата за конфликти вели дека „На Русија и се потребни пари и поморска база на Црвеното Море, а сојузот со армијата значи способност да продава оружје и потенцијално да добие објект во Порт Судан“.
Виктор Мураховски, кој е воен експерт и главен уредник на списанието „Арсенал на татковината“, вели дека „со распоредување на првата поморска база од советската ера во Африка, Русија може да ја контролира рутата низ Суецкиот канал и да обезбеди постојано присуство во Индискиот Океан, изгубено во постсоветските години“.