Русија извршува од утрото голем напад од воздух врз региони во Украина користејќи проектили и беспилотни летала.
Непријателот продолжува со својот терор. Уште еднаш, енергетскиот сектор низ Украина е под масовен напад, објави министерот за енергетика Херман Халушченко.
ПВО е активна во Киевската област, соопшти регионалната администрација. Експлозии се регистррирани и во областите Одеса, Виница, Лавов, Ивано-Франковск и Черкаси.
Последиците од нападот се утврдуваат бидејќи нападите уште траат. Руските сили пукаат со крстосувачки ракети, балистички ракети и балистички ракети Кинжал, лансирани од воздух, објави украинското Военото воздухопловство.