
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши.
Келлог е уверен дека Трамп ќе ја заврши војната, која ја опиша како „најдолгата војна во Европа од Втората светска војна“. „Ние во војската секогаш велиме дека најтешкиот дел е да се стигне до последните 10 метри. Ние сме оддалечени околу два метра. Речиси сме таму“, изјави тој за Фокс њуз.
Тој рече дека неодамна разговарал со украинската страна и дека Украинците „навистина им веруваат на Американците“.
-Рамката е таму за да се дојде до заклучок… Мислам дека можеме да ги убедиме Украинците да го сторат тоа, и мислам дека можеме да ги убедиме Русите подоцна. Тоа е добар план. Има работи во него што треба навистина да се кодифицираат и навистина да се објаснат малку подетално, но речиси сме таму, рече тој.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да отпатува во Соединетите Држави за да го потпише договорот, но „сè уште нема гаранции“.
-Во планот има една точка и мислам дека е исто така важна, дека ќе има избори. Планот многу јасно вели дека Украина мора да има избори во рок од 100 дена. Веројатно можете да стигнете таму за околу 90 дена. Тоа ќе биде интересен процес. Мислам дека мора да ги имаат, тоа ќе ги смири луѓето, ќе го смири слободниот свет, но тоа е една од одредбите во планот“, истакна тој.

Македонски








