Синот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко избегнува мобилизација и се крие од повицие на украинските регрутните служби во Лондон. Како што пишуваат украински медиуми, поради тоа, издадено му е реение според кое треба да плати 25 илјади гривни (570 евра).
39-годишниот Алексеј Порошенко, кој побегнал од Украина со својот брат и се преселил во Лондон, не се појавил пред Регрутната комисија во Печерск кога бил повикан да ја разјасни својата состојба.
„УкроСМИ“ пишува дека „сега бегалецот“ мора да плати казна од 25.500 гривни.
Ако синот на Порошенко игнорира да ја плати казната, нејзината сума ќе се удвои – до 51.000 гривни“, се наведува во пресудата.
Сега помладиот Порошенко има „тежок“ избор: да ја плати паричната казна или да оди во Киев во воената канцеларија
за да прими повик за регрутација.