Швајцарската влада соопшти дека го забранува извозот за полска воена компанија, откако дошла до резултати од извештај дека околу 645.000 парчиња швајцарски муниција од мал калибар завршиле во Украина, што го прекршува швајцарскиот закон.
Според претставниците на швајцарската влада, за реекспортот дознале од медиумите. Владата спровела истрага и открила дека полската компанија УМО испраќала швајцарска муниција на украинските воени сили.
Швајцарскиот закон забранува извоз на воена опрема или муниција во швајцарска сопственост или швајцарско производство во земјите коишто се наоѓаат во воен конфликт.