Skip to main content

Шпанија издвојува 165 милиони евра за oпоравување на Сеута

Шпанскиот совет на министри на 1 септември ќе одобри план за итни случаи од 165 милиони евра за северноафриканската енклава Сеута, кој ќе биде додаден на среднорочниот план за опоравување од 180 милиони евра што во Сеута го вети првиот потпретседател Карлос Куерпо, соопштија извори од шпанската влада.

Според извори од владата, 165 милиони евра ќе бидат издвоени за градот со 80.000 жители за ревитализација на локалната економија и зајакнување на јавните услуги, пренесува Паис.

Еквивалентот на тој износ за град со големина на Валенсија би бил 1,65 милијарди евра, а за Мадрид 7,2 милијарди.

Поврзани вести