Skip to main content

Саудиска Арабија најостро го осудува Иран за „неоправданиот“ напад врз американската база во Катар

Саудиска Арабија го осуди Иран за неговиот денешен „неоправдан“ напад врз американската база во Катар, нудејќи распоредување на „сите свои капацитети“ за да ја поддржи Доха, со која имаше затегнати односи во минатото.

Официјален Ријад соопшти дека „најостро ја осудува агресијата што ја почна Иран против сестринската држава Катар… Ова е неприфатливо и неоправдано под никакви околности. Кралството ја потврдува својата солидарност и целосна поддршка за… Катар и му ги нуди сите свои капацитети за да ја поддржи сестринската држава Катар во сите мерки што ќе ги преземе“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија.

Поврзани вести