
Шпанскиот премиер Педро Санчез, во обраќање пред парламентот, зборувајќи за американско-израелската војна против Иран, се наврати на спомени од војната во Ирак во 2003 година.
Постојат датуми што никогаш не се забораваат. 15 февруари 2003 година – повеќе од три милиони Шпанци излегоа на улиците со една порака: „Не на војната“. Помалку од 6% од Шпанците сакаа да се приклучат на војната во Ирак, но тогашниот премиер Азнар сепак ја вовлече земјата затоа што сакаше претседателот на Соединетите Американски Држави да го покани на пура и да му дозволи да ги стави нозете на масата“, изјави Санчез.
Шпанскиот премиер повлекува паралели и слични наративи во однос на причините за нападот врз Иран.
Пред 23 години, владата на САД нè вовлече во војна со Ирак. Целта беше да се уништи нуклеарното оружје на Садам Хусеин и да се воспостави демократија. Сепак, нуклеарното оружје никогаш не беше пронајдено во Ирак. Затоа велам, нема да нè излажете двапати“, порача Санчез.

Македонски


