
Инженер на „Самсунг“ поминал пет години копирајќи тајни технологии за Кина, пишувајќи во тетратка. На тој начин ги заобиколил дигиталните безбедносни системи на јужнокорејската комапнија.
Според порталот „SemiAnalysis“, инженерот ги заобиколил внатрешните системи за следење на „Самсунг“ со едноставно запишување на параметрите на производството во тетратка. Овој процес траел пет години.
Ракописите содржеле детален опис на повеќе од 600 фази на производство. Украдените податоци вклучувале прецизни технички параметри: односот на протоците на гас, поставките за фоторезист што се користат во критичните фази на литографија и депозиција итн.
Ваквиот план покажува дека во дигиталната ера, индустриската шпионажа може да се спроведува со користење на толку „иновативни“ методи.

Македонски





