Skip to main content

Руте: Украинската територија веројатно ќе биде тема на претстојните мировни преговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идните мировни разговори за војната во Украина веројатно ќе мора да се фокусираат на судбината на украинските територии кои моментално се под руска контрола, јави ДПА.

„Во овој момент мора да признаеме дека Русија контролира дел од територијата на Украина“, изјави Руте вчера за американската телевизиска станица Еј-Би-Си Њуз.

Генералниот секретар нагласи дека откако ќе се договори прекин на огнот, дискусиите ќе се фокусираат на територијалните прашања и можните гаранции за безбедноста на Украина.

Во исто време, Руте нагласи дека Украина е суверена и има право сама да ја одреди својата геополитичка иднина.

Руте го привлече вниманието на разликата помеѓу „де факто“ и „де јуре“ признавање кога станува збор за територијални прашања.

Поврзани вести