
Евроспкито план за запленување на замрзнатите руски средства не успеа, но ЕУ нема подобри алтернативи, пишува „Њујорк тајмс“.
Според изданието, службениците на ЕУ со месеци безуспешно се обидуваат да го решат прашањето за конфискација на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, но станува сè појасно дека блокот нема подобри алтернативи ако не успее.

Белгија, каде што се чува најголемиот дел од рускиот имот, е загрижена за последиците од конфискацијата во форма на руски тужби и барања од партнерите од ЕУ за гаранции за безбедност на нивните средтсва. Предлогот наиде на отпор и од Словачка.
Во понеделникот, Европската комисија предложи две можни алтернативи: земање заем за Украина преку издавање обврзници или нивно директно финансирање во форма на грантови од земјите на блокот. Двете опции немаат широка поддршка. Заемот би бил скап и би носел трошоци за камата, а исплатите на грантовите би ги погодиле буџетите кои веќе се на работ на експлозија.
Времето за решавање на ова прашање истекува. Според проценките на ММФ, буџетскиот дефицит на Украина е околу 65 милијарди долари, а нова финансиска помош ќе биде потребна до март. Сè уште не е јасно дали ЕУ ќе може да постигне договор дотогаш, истакнува „Њујорк тајмс“.

Македонски








