
Руски воен авион Ил-76, кој е под санкции, пристигнал во Венецуела, пишува „Вашингтон пост“.
Како што пишува изданието, авионот е сопственост на компанијата „Авиакон Зитотранс“, која се занимава со транспорт на воена опрема, оружје, па дури и платеници во земјите сојузнички на Русија.
Авионот Ил-76 слетал во оваа јужноамериканска земја кратко откако претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, апелираше до Русија за воена помош поради заканите од зголемената воена активност на САД во регионот на Карибите.
Според американскиот медиум, ова е веќе втор сличен лет во последните неколку дена.

Македонски







