Skip to main content

Руски политичар разнесен од бомба: Ги командувал нападите на Мариупол

socijalna mreza X

Во експлозија во рускиот град Ставропол на 28 мај, загина Заур Гурциев, заменик-градоначалник, кој учествуваше во војната во Украина.

Гувернерот на Ставропол Владимир Владимиров ја потврди смртта на Гурциев, опишувајќи ја како „инцидент што се случил во текот на ноќта на улицата Чехов“, без да даде повеќе детали.

На местото на настанот се пронајдени тела на двајца мажи со повеќе повреди.

Повеќе руски телеграмски канали го идентификуваа Гурцев како една од жртвите и споделија, како што тврдат, снимка од експлозијата.

Гурцев учествуваше во програмата на рускиот претседател Владимир Путин „Време на херои“. Според веб-страницата на програмата, тој ја предводел руската воздушна операција за заземање на украинскиот град Мариупол во 2022 година.

Поврзани вести